Белоруската опозициска политичарка Марија Колесникова беше приведена под сомнение за сторено предавство, како дел од кривичната постапка што опфаќа обид за преземање на власта, соопшти денеска нејзиниот адвокат.
Во понеделникот беше објавена неофицијална информација дека истакнатата опозиционерка „исчезнала“, односно дека маскирани лица насила ја внеле во минибус.
Белоруските државни медиуми објавија дека Колесникова е приведена на границата со Украина при „нелегален обид за премин“, а агенцијата Интерфакс-Украина објави дека тие всушност сакале да ја депортираат Колесников во Украина, но дека таа го искинала својот пасош со цел да ги спречи властите во тоа. .
Таа е истакнат лидер на протестите кои бараат оставка од Александар Лукашенко по претседателските избори на 9 август, за кои опозицијата тврди дека биле наместени. Лукашенко негира кражба на изборите.
Максим Знак, истакнат белоруски опозициски активист, исто така бил пресретнат и однесен од улица во Минск од непознати маскирани лица, тврдат неговите приврзаници.
Занк е познат белоруски адвокат, а исто така е и член на опозицискиот Совет за координација. Утрово требаше да учествува на претходно закажаниот видео состанок, но не се појави.
Сведоците тврдат дека маскирани лица го однеле преку една од централните улици во Минск. (MИА)