петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колона руски тенкови се упатува кон Харкив – војска добила наредба да ја „прошири офанзивата“ (ВИДЕО)

Колона руски тенкови се упатува кон Харкив – војска добила наредба да ја „прошири офанзивата“ (ВИДЕО)

Колона тенкови се движи кон вториот по големина украински град Харкив, јавува Си-Ен-Ен, кој веста ја проследи со видео.

„Цел ден гледаме како се повеќе воена опрема се движи кон линијата на фронтот“, рече известувачот на CNN, Фредерик Плејтген.

Да потсетиме, руската армија попладнево доби наредба да ја прошири офанзивата во Украина и покрај зголемените меѓународни критики, тврдејќи дека Киев одбил да преговара.

– Денес, на сите единици им е наредено да ги прошират своите офанзиви во сите правци, во согласност со планот за напади, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков, додавајќи дека проруските сепаратисти во источна Украина, поддржани од руската војска, пријавиле воени „успеси“.