омандантот на американската Национална гарда Џозеф Ленгиел, кој е член на работната група за борба против коронавирусот, за време на викендот доби и позитивен и негативен резултат на тест за коронавирусот.
Генералот Ленгиел наводно бил позитивен во саботата, но резултатот од вториот тест направен истиот ден бил негативен, и тој денеска повторно ќе биде тестиран.
Дипломат кој побарал да остане анонимен, изјави дека и командантот на морнаричките операции, адмиралот Мајк Гилдеј, исто така, имал контакт со член на семејство, кој бил позитивен на коронавирусот.
Гилдеј бил негативен на тестот, но како претпазливост, тој се самоизолирал на една недела.
Ниту Ленгиел, ниту Гилдеј не присуствувале на завчерашниот состанок на американскиот претседател Доналд Трамп со членовите на работната група.
Претходно беше објавено дека главниот советник за коронавирусот Ентони Фаучи и уште двајца лекари се во самоизолација, откако биле во контакт со заразено лице во Белата куќа.
Во Вашингтон постои загриженост затоа што вирусот влезе во најблиското опкружување на американскиот претседател, откако беше откриено дека неговиот личен асистент е позитивен, како и портпаролката на потпретседателот Мајк Пенс, Кејти Милер. ј