Актуелниот претседател Анджеј Дуда обезбеди уште пет години на функцијата, откако доби поддршка од 51 отсто од гласачките ливчиња во вториот круг од претседателските избори во викендот, соопшти државната изборна комисија. Тоа се официјални конечни резултати.
Конкурентот, либерален градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, доби 49 проценти од гласовите.
Двајцата кандидати обезбедија повеќе од 10 милиони гласови, што е прв таков резултат во историјата на демократска Полска. Одзивот на гласачите достигна 68,2 отсто, што е највисоко за изминатите 25 години. (MИА)