сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Конзервативците бараат истрага за Сорос: Дал три милиони фунти за кампања за уривање на премиерот Џонсон

Конзервативците бараат истрага за Сорос: Дал три милиони фунти за кампања за уривање на премиерот Џонсон

Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, е соочен со можна истрага во Велика Британија, откако претставници на конзервативната партија побараа Изборната комисија итно да ги провери активностите на неговата фондација во Британија, пренесува Дејли мејл.

Конзервативците се сомневаат дека преку фондациите на милијардерот се префрлени безмалку 3.000.000 фунти на кампања која има за цел смена на актуелниот премиер Борис Џонсон и обид за блокирање на „Брегзит“.

Како што пишува весникот, њујоршката фондација Отворено општество на Џорџ Сорос, преку свој огранок во Лондон, го спонзорира проевропското политичко движење „Најдоброто за Британија“ (Best for Britain), со што ја заобиколува забраната за странско финансирање на политички организации во Велика Британија.

Дејли мејл открива дека во случајот акциите се одвиваат преку интернет, а гласачите се поттикнуваат на престојните избори „тактички“ да гласаат за противниците на Брегзит.

Претходно, либералните демократи, зелените и велшката парија потпишаа договор „Обедини се за останок“ и се согласија дека нема да ги земат своите 60 места во парламентот, со што би ги зголемиле шансите за победа на кандидатите кои се противат на излегување на земјата од ЕУ.

„Ја повикувам изборната комисија колку што е можно поскоро да истражи дали овој инцидент е воедно и кршење на правилата на финансирање и да се изјасни што има добро за Велика Британија од трошењето милиони странски пари“, изјавил претставникот на Конзервативната партија, Ендрју Перси.

Во меѓувреме, групата „Најдоброто за Британија“ соопшти дека не ги кршела правилата на Изборната комисија и оти не трошеле странски средства за нивната кампања.

Дејли мејл потсетува дека во Велика Британија, Џорџ Сорос ја втурна во банкрот “The Bank of England”. Во 1992 година се обложи на пад на фунтата што доведе до инфлација на валутата и предизвика паника во владата на тогашниот премиер, Џон Мејџор.