QR-кодот на францускиот претседател Емануел Макрон се појавил во вторникот на социјалните мрежи Снепчет и Твитер, на кој е видливо неговото име, датум на раѓање и вакцинација, како и видот на вакцина против Ковид-19 што ја примил.
Елисејската палата во вторникот објави дека е објавен приватен документ на Интернет, што е последица на незаконско однесување.
Претседателската палата засега уште не објави дали шефот на државата ќе добие нов QR-код.
Француските здравствени власти имаат пристап до централизиран систем на сертификати за вакцинација против Ковид-19.
Некои од вработените го пуштиле во јавноста сертификатот на Макрон, иако е нејасно што сакале да постигнат со тоа, наведуваат од Елисејската палата.
Таквите кодови се наоѓаат на француските ковид-сертификати, потребни за влез во музеи, театри, кина, кафулиња и ресторани, како и за патување со авион или воз на подолги растојанија.