Парламентот на Литванија изгласа Закон со кој ќе биде задолжителн ковид сертификат за пратеницити.
„За“ Законот гласаа 89 пратеници, 17 беа „против“, а 19 „воздржано“.
Со Законот е предвидено пристап до Парламентот да имаат само пратениците кои се целосно вакцинирани против Ковид-19, прележале или да имаат негативен тест не постар од 72 часа. Платата на пратениците ќе биде намалена ако не присуствуваат на седници ако не поседуваат ковид сертификат.
Во Литванија ковид сертификат е потребен за влез во трговските центри, во рестораните и во салоните за убавина.
– Ако бараме сертификат за различни места каде што се собираат луѓето, би било етички слични мерки да важат и за во Парламентот, изјави литванската премиерка Ингрида Симоните.
Пратениците кои одбивааат да се вакцинираат тврдат дека со Законот за ковид сертификат ги крши нивните уставни права.