Мигел Дијас Канел стана нов лидер на Куба. Неговото доаѓање на власт означува и крај на една ера во комунстичка Куба.
Откако се повлече, претседателот Раул Кастро власта ја предаде на својата десна рака, Мигел Дијас Канел, кој е роден во 1959, во годината кога Фидел и Раул ја направија левичарската револуција на островот.
Според Ројтерс, без оглед на оваа промена, по 60 години власт на браќата Кастро, не може да се очекува таа да направи реформи во кубанската економија под контрола на државата и еднопартискиот систем, како еден од последните во светот.
Кубанската влада вчера го номинираше првиот потпретседател Дијас-Накел како единствен кандидат за претседател, со што загарантира дека тој 57-годишен инженер ќе го наследи генералот Раул Кастро.
За нов прв потпретседател предложен е Салвадор Валдес Меса (72), поранешен сидикален претставник кој во кубанската влада беше на повеќе значајни функции.