понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Крај на потрагата по малезискиот авион МХ370

Крај на потрагата по малезискиот авион МХ370

Потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ МХ370, која 90 дена ја спроведуваше приватна американска фирма, денеска и официјално заврши. По малезискиот авион трагаше компанијата „Оушн инфинити“ со седиште во Хјустон.

Авион со 239 патници и членови на екипаж исчезна од радарите на 8 март 2014 година на летот Куала – Лумпур-Пекинг, потесетува Би-Би-Си. Во авионот беа 153 лица од Кина, 38 од Малезија, а останатите од Иран, САД, Канада, Индонезија, Австралија, Индија, Франција, Нов Зеланд, Украина, Русија, Тајван и Холандија. Сите 12 членови на екипажот беа од Малезија.

Ова беше една од најобемните потраги во историјата на авијацијата, а пребарани се повеќе од 120.000 километри квадратни од Индискиот Океан. Делови од урнатиот авион се пронадени дури во Мадакаскар, но никогаш не е пронајден трупот на авионот.

Официјалната истрага, во која учествуваа тимови од Австралија, Малезија и Кина, заврши во јануари минатата година.

Исчезнувањето на овој авион се смета за една од најголемите мистерии во авијацијата.