петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КРАЈ НА САГАТА: Британската полиција откри од која земја се 39 лица кои беа пронајдени во камионот на смртта

КРАЈ НА САГАТА: Британската полиција откри од која земја се 39 лица кои беа пронајдени во камионот на смртта

Сите 39 лица кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во Есекс се Виетнамци, соопшти британската полиција.

– Во овој момент, ние веруваме дека сите жртви се со виетнамска националност и ние сме во контакт со виетнамската Влада“, рече полицискиот службеник на Есекс, Тим Смит.

Тој додаде дека британската полиција е во директен контакт со некои семејства во Виетнам, како и во Велика Британија.

– Веруваме дека ги идентификувавме семејствата на некои од жртвите, рече Смит.