Крајбрежните делови на американската сојузна држава Тексас се подготвуваат за ударот на ураганот „Хана“, што според американскиот Национален центар за набудување на ураганите се очекува попладнево или вечерва по локално време.
„Хана“ утринава беше класифицирана како тропска бура, а се наоѓаше на околу 145 километри источно-североисточно од Порт Мансфилд, во Тексас, предизвикувајќи ветрови со бризина од околу 120 километри на час, пренесуваат британските медиуми.
Се очекува ураганот дополонително да се засили пред да го погоди копното од правец на Атлантикот, но потоа, движејќи се на копно, брзо ќе ослабне, соопшти Центарот, чие седиште се наоѓа во Мајами, на Флорида.