недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кралицата Елизабета го потпиша законот за излез на Велика Британија од ЕУ

Кралицата Елизабета го потпиша законот за излез на Велика Британија од ЕУ

Кралицата Елизабета Втора го потпиша предлог законот за излез на Велика Британија од ЕУ, кој е подготвен од Владата на премиерот Борис Џонсон, со што тој доби статус на закон.

Потпретседателот на Претставничкиот дом, Нејџел Еванс денеска ги информира пратениците за тој акт.

Британскиот Парламент вчера го усвои предлог законот за условите по Брегзит.

Велика Британија ќе ја напушти ЕУ во 23 часот на 31 јануари. Потоа започнува преоден период, во кој Брисел и Лондон ќе ги договорат идните трговски односи.

Претходно, британското Министерство за финансии соопшти дека министерот Саџид Џавид планира на 11 март пред Парламентот да го презентира предлог буџетот, кој содржи „амбициозни планови“ за развој на економијата по Брегзит.