четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кралот Чарлс им ги додели титулите принц и принцеза од Велс на Вилијам и Кејт

Кралот Чарлс им ги додели титулите принц и принцеза од Велс на Вилијам и Кејт

Британскиот крал Чарлс на својот најстар син Вилијам и на снаата Кејт им ги додели титулите принц и принцеза од Велс, кои тој и неговата покојна сопруга Дијана претходно ги имаа.

Дијана беше многу популарна личност која беше под постојана медиумска лупа, а нејзината прерана смрт на 36-годишна возраст предизвика огромна тага во Британија и светот.

Од Кралското семејство велат дека Кејт ја ценела историјата поврзана со титулата, но дека ќе се обиде да создаде свој пат како принцеза од Велс.

Одржувајќи го својот прв говор пред нацијата по смртта на неговата мајка, Чарлс рече дека е горд што својот наследник Вилијам го направил принц од Велс, титула што Чарлс ја има од 1958 година.

„Со Кетрин (Кејт) покрај него, нашиот нов принц и принцеза од Велс, знам, ќе продолжат да ги инспирираат и да ги водат нашите национални разговори, помагајќи да се доведе маргиналното до централното место каде што може да се даде витална помош“, рече тој.

фото: EPA-EFE/NEIL HALL