Еден од најбараните светски бегалци е уапсен во Подгорица, соопшти тамошниот министер за внатрешни работи, Филип Аџиќ.
Црногорската полиција приведе лице, кое е осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, коосновач и извршен директор на Terraform Laps, со седиште во Сингапур, напиша Аџиќ.
Поранешниот крал на криптовалутите, кој стои зад загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи.
По него трагаа Јужна Кореја, САД и Сингапур.