недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кралскиот гајдаџија последен се прости од кралицата на богослужбата во Вестминистерската опатија

Кралскиот гајдаџија последен се прости од кралицата на богослужбата во Вестминистерската опатија

Со последен поздрав од британскиот кралски гајдаџија и претходно британската химна „Боже чувај го кралот“ заврши богослужбата за кралицата Елизабета Втора.

На богослужбата во Вестминистерската опатија, се пееја химни како „Господ е мојот пастир“, која се изведувала и на нејзината свадба и „Денот што ни го даде, Боже, заврши“.

Се читаа и верски псалми, а еден од нив прочита и премиерката Лиз Трас. Целата богослужба ја предводеше старешината на Вестминистерската опатија и архиепископот од Кентербери.

Потоа беше одржан и двоминутен молк.

Вестминстерската опатија, каде што е државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, е местото каде што таа беше крунисана во 1953 година и се омажи шест години претходно. (МИА)