среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кремљ будно следи кога НАТО се приближува до руската граница

Кремљ будно следи кога НАТО се приближува до руската граница

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека одлуката на НАТО да ја признае Украина како „партнер со големи можности“ нема да придонесе за стабилноста и безбедноста во Европа.

Тој нагласи дека „Кремљ будно следи што прави НАТО, особено кога се приближува до руската граница“.

– Секогаш внимателно следиме кога ни се приближува НАТО воена инфраструктура, со цел да се фокусираме на мерките со кои ќе ја гарантираме сопствената безбедност, изјави Песков.

Според него, имајќи ја предвид природата на Алијансата и нејзините иницијални цели, кои се обидува да ги употреби како механизам за конфронтација, Русија секогаш внимателно ги следи процесите кога НАТО се обидува да приближи други земји во различни форми.

– Не веруваме дека тоа ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста во Европа, оцени Песков.

НАТО во петокот објави дека Алијансата препознава во Украина партнер со големи можности, а таквиот статус му гарантира на Киев подобар пристап во НАТО програмите, вежбите и размената на информации.