недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кремљ: Путин и Ердоган во Техеран ќе разговараат за извозот на украинското жито

Кремљ: Путин и Ердоган во Техеран ќе разговараат за извозот на украинското жито

Претседателот на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган утре во Техеран ќе разговараат за извозот на украинското жито, соопшти денеска Кремљ.

Се очекува Русија, Украина, Турција и Обединети нации во текот на неделата да потпишат договор за продолжување на извозот на украинско жито преку Црно Море.

Украинските пристаништа на Црното Море, до неодамна беа главни извозни точки за земјоделски производи, но по руската инвазија пристаништата се блокирани.

Путин, Ердоган и иранскиот претседател Ебрахим Раиси утре во Техеран ќе разговараат и за Сирија, каде трите земји се воено ангажирани.