Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи вообичаената годишна прес-конференција на 19 декември, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Престојната прес-конференција ќе биде 15-та од 2001 година.
Во сите претходни години, рускиот шеф на државата неколку часа одговараше на прашања на прес конференција пренесувана во живо.
Првата прес-конференција во 2001 година беше најкратка и траеше еден час и 35 минути, додека најдолгата траеше четири часа и 40 минути во 2008 година.
Почнувајќи од 2004 година, сите прес-конференции траеја повеќе од три часа.
Минатата година прес-конференцијата траеше три часа и 43 минути и Путин одговори на 53 прашања на медиумите.
Путин се појавува на годишни прес-конференции секоја година од 2001 година, освен за време на неговиот мандат како премиер од мај 2008 до мај 2012 година.