Американскиот амбасадор во Србија денеска изјави дека е рано е да се каже дека дијалогот меѓу Србија и Косово е неуспешен.
Кристофер Хил, во интервју за РСЕ, ден по средбите меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ со европските претставници во Брисел, рече дека не очекува „целосен успех“ на тие преговори и дека неговото очекување е враќање на преговарачката маса.
„Сега треба да го видиме продолжението“, рече тој.
Целта на дијалогот, како што посочува, е политичко решение кое очекува „давање и земање“ од двете страни.
„Дали можеме да дојдеме до ситуација Србите во Косово да се чувствуваат удобно и да добијат некаква заедница на општини со српско мнозинство. И второ, дали Приштина може да го постигне она што го сака, а тоа е јасен пат кон членство во меѓународните организации“, изјави Хил.
Тој нагласи дека вооружениот напад врз косовската полиција во Бањска е голема пречка за преговорите во Брисел.
Според него, САД внимателно ги следат истрагите во Белград и во Приштина.