четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Крокодил грабна и изеде жена научник (ВИДЕО)

Крокодил грабна и изеде жена научник (ВИДЕО)

Жена научник во Индонезија била грабната и изедена од крокодил, пишува „Скај њуз“.

Крокодилот ја одвлекол жената идентификувана како Дизи Туво во оградениот простор за рептили кога скокнал на бетонски ѕид висок 2,4 метра. Кога ја зграбил, крокодилот ја јадел жената додека таа сè уште била жива.

Предаторот, долг 5 метри, истражувачите го чувале во лабораторијата CV Yosiki на индонезискиот остров Сулавеси.

Растревожените вработени ја пронашле 44-годишната Туво во устата на крокодилот и со тешкотии успеале да го извлечат преостанатиот дел од нејзиното тело.

Полицијата соопшти дека трага по сопственикот на крокодилот, јапонски бизнисмен, за кого се вели дека основнао е предмет на истрага.