Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска ќе ја посети Франција како канцелар, а нејзиниот домаќин, претседателот Емануел Макрон, одлучи да ја угости во Бон, град во Бургундија познат по виното и богатото културно наследство, јавија француските медиуми.
Макрон ќе и додели на Ангела Меркел Голем крст на Легијата на честа, што е највисокото одликување на Франција. Елисејската палата соопшти дека признанието е симбол и сила на француско-германското пријателство.