Три лица се убиени, а девет повредени вчера вечерта за време на масовно пукање во куќа на Лонг Бич во Лос Анџелес.
Пожарникарка единица на Лонг Бич соопштила дека биле повикани да интервенираат во околу 22:44 часот и нивниот портпарол Џејк Хелфин рекол дека пожарникарите затекнале хаос, пишува Л.А. Тајмс.
Се уште е нејасно е дали станува збор за еден или повеќе напаѓачи, ниту пак дали некој е уапсен.
Сведоци рекле дека во таа куќа се одвивала забава за Ноќ на вештерките.
#BREAKING: At least eight people shot at what neighbors describe as a Halloween party in Long Beach. @Stu_Mundel overhead in #Sky2. #CBSLA pic.twitter.com/6qkZCDjdXi
— Mike Rogers (@MikeRogersTV) October 30, 2019