вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кубанците почнуваат разговари за Нацрт-уставот со кој се признава приватната сопственост

Кубанците почнуваат разговари за Нацрт-уставот со кој се признава приватната сопственост

Кубанците денеска почнуваат да разговараат за новиот Нацрт-устав, во кој не се споменува комунистичката држава, се признава правото на приватна сопственост и отвора пат за можна легализација на браковите од ист пол.

Јавната дебата  за Нацрт-уставот е до 15-ти ноември.

За таа цел организирани се 135.000 форуми, вклучително по населбите и работните места. Тие ќе ги презентираат заклучоците на 33 пратеници, кои ќе ја напишат финална верзија на Уставот, за што граѓаните ќе гласаат на референдум во февруари 2019 година.

Новиот Устав, кој првпат беше одобрен од Парламентот, ќе го замени текстот од 1976 година.

Во Нацрт-уставот не зборува за комунистичко општество, но се потврдува социјалистичката форма на политички систем и водечката улога на Кубанската комунистичка партија. Исто така се признава правото на приватна сопственост, улогата на пазарите и важноста на странските инвестиции.

Новиот Устав ја воведува функцијата премиер и воведува ограничување за максимум два претседателски мандати. Исто така, создава можност да се легализираат браковите од ист пол. 

(Миа)