Жена од Кувајт заврши во затвор откако ја снимила својата куќна помошничка како виси и паѓа од тераса на седми кат, обидувајќи се да избега од стан.
На шокантната снимка се гледа како Етиопјанка плаче и моли за помош додека виси од тераса, држејќи се за рамката од прозорот. Во еден момент паѓа на метална тенда.
За среќа, таа преживеала, само раката и била скршена, а има и неколку помали повреди.
На снимката може да слушне како помошничката вика: „Држи ме, држи ме!“, и тоа неколку пати пред раката да и се лизне од оградата.
Меѓутоа, сопственичката на станот не само што не и помогнала туку и продолжила да ја снима нејзината агонија.
Во еден момент таа и вели на помошничката: „Врати се“. Поради тоа што го снимила инцидентот, а не и помогнала на вработената, жената е осудена на година и осум месеци затвор.
Кувајт е дом за повеќе од 600 илјади куќни помошнички. Поголемиот дел од нив Азијатки. Многумина се жалат на злоставување, понижување и неисплатување на платите.