Ја започнав мојата посета на Брисел за да притиснам за шестиот пакет санкции воведени од Европската Унија против Русија, што мора да го вклучи и ембаргото на нафтата, објави денеска на Твитер, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
– Ќе се фокусирам на дополнително снабдување со оружје и доделување на Украина статус кандидат за ЕУ. Ние веруваме дека Украина заслужува индивидуална проценка заснована на заслуги, пишува Кулеба. (МИА)