Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска на Твитер напиша за „бараж руски ракети“ насочени против цивилната инфраструктура.
„Утрото во Украина започна со бараж руски ракети насочени кон критична цивилна инфраструктура. Дел од нив пресретнавме, други погодија цели. Противвоздушната одбрана спасува животи. Не треба да има ни минута доцнење во главните градови кои одлучуваат за системи за противвоздушна одбрана за Украина“, напиша Кулеба на Твитер.