петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Курц формира „тинк тенк“ во својот Кабинет

Шефицата на единицата Меи-Похтлер до неодамна беше партнер и шефица на „Бостон консалтинг групата“ во Виена и Минхен, како и советничка на Курц за време на предизборната кампања.
Курц формира „тинк тенк“ во својот Кабинет

Австрискиот канцелар Себастијан Курц формира „тинк тенк“ во својот кабинет со цел анализа, планирање, како и изработка на стратегии.

Советничката за економија Антонела Меи Похтлер раководи со единицата која се нарекува „радар за иднината“, како и „панел од експерти“. Единицата која ќе се занимава со изработка на стратегии, анализа и планирање е насловена „Тинк Аустриа“. Оваа единица има налог да се занимава со среднорочни и долгорочни теми и изработка на можни одговори на разни прашања.

Шефицата на единицата Меи-Похтлер до неодамна беше партнер и шефица на „Бостон консалтинг групата“ во Виена и Минхен, како и советничка на Курц за време на предизборната кампања.

Најмладиот шеф на Влада во светот со воспоставувањето на новата единица во својот Кабинет сака да се занимава и со долгорочно планирање на австриската политика, пред се со предвидување на можните предизвици и изработка на потребни одговори.

(Миа)