вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Латвија повторно го воведува задолжителниот воен рок

Латвија се откажа од задолжителниот воен рок по влезот во НАТО
Латвија повторно го воведува задолжителниот воен рок

Министерот за одбрана на Латвија, Артис Пабрикс најави повторно воведување на задолжителниот воен рок, по војната меѓу Русија и Украина.

-Сегашниот воен систем на Латвија ги достигна своите граници. Истовремено немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени своето однесување, изјавил Пабрикс пред новинарите.

Служењето на воениот рок би требало да биде вратено во 2023 година и ќе се однесува само на мажите.

Латвија се откажа од задолжителниот воен рок по влезот во НАТО. Од 2007 година војската на оваа држава ја сочунуваат професионални војници и доброволци во Националнаа гарда кои служат во пешадија за време на викенд и тоа хонорарно.

Земјата која има помалку од два милиони жители и која се граничи со Белорусија и Русија има 7.500 војници во активна служба и припадници на Националната гарда со поддршка од 1.500 војници на НАТО.