Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот претседател Џо Бајден рекол дека единствената алтернатива на санкциите е трета светска војна, на што тој се надоврза и порача дека трета светска војна може да биде само „нуклеарна војна“.
Тој вели дека тоа е само во главите на западните политичари – и не е во главите на рускиот народ, пренесува Би-Би-Си.
– Ако се води вистинска војна против нас, тогаш оние што прават такви планови треба да размислат за тоа, а според мене такви планови се прават, изјави тој на денешната прес-конференција во Москва, која се уште е во тек.