петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лавров: Во оваа ситуација мировните преговори немаат смисла

Лавров: Во оваа ситуација мировните преговори немаат смисла

Русија ја отфрла идејата за продолжување на мировните преговори со Украина и го обвини Киев дека „не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека мировните преговори претходно „докажале дека Украина нема желба искрено да преговара“.

Тие едноставно не се способни да артикулираат ништо што заслужува сериозно внимание на сериозни луѓе. Преговорите за мир во оваа ситуација немаат никаква смисла, наведе Лавров.

Тој додаде дека мировни преговори помеѓу Русија и Украина последен пат се одржани пред неколку месеци, но целосно се прекинати во април.