вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ле Дриан: Потсетувам на обврската на вооружените сили да ги штитат новинарите

Ле Дриан: Потсетувам на обврската на вооружените сили да ги штитат новинарите

Франција денеска потсети на обврската на завојуваните страни во Украина да ги заштитат новинарите кои известуваат за конфликтот, по смртта на четворица од нив, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, јави дописникот на МИА.

-Потсетувам на обврската на вооружените сили да ги заштитат новинарите во согласност со меѓународното хуманитарно право и најостро ја осудувам секоја акција што ги зема за цел, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан. (МИА)