вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ле Дријан: Париз не се согласува со Вашингтон за Иран

Ле Дријан: Париз не се согласува со Вашингтон за Иран

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан изјави денеска дека не се согласува со одлуката на САД да излезат од нуклеарниот договор со Иран и предупреди дека нивниот метод за воведување дополнителни санкции ќе ја зајакне конзеративната струја во таа земја.

– Не се согласуваме со методот, затоа што оваа група санкции кои ќе се воведат на Иран, нема да овозможат дијалог, туку напротив ќе ги зајакне конзервативците и ќе го ослабнат претседателот Хасан Рохани, рече Ле Дријан.

Тој оцени дека со таквиот став се ризикува да се загрози регионот уште повеќе.

Ле Дријан рече дека Париз ќе продолжи со применување на договорот со Иран иако се согласува со Вашингтон дека треба да се сузбијат иранските балистички активности и неговите регионални хегемонијални амбиции.

МИА