среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ле Пен сака да забрани носење хиџаб на јавни места

Ле Пен сака да забрани носење хиџаб на јавни места

Лавини критики има во Франција за кандидатката за претседател Марин Ле Пен.

Таа планира да го забрани носењето хиџаб кај жените во јавниот простор и се соочува со жестоки критики поради овој став. Сојузниците на Ле Пен велат дека нејзината реторика околу ова прашање „омекнува“, иако се чини дека и да дојде на власт, за оваа одлука последен збор ќе дадат пратениците во парламентот, пишува Ројтерс.

Актуелниот претседател Емануел Макрон и Ле Пен, кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, влегуваат во финалето на изборната кампања закажана за 24 април.

Агенцијата за борба против измами на Европската унија (ОЛАФ) ја обвини Марин Ле Пен и неколку членови на нејзината партија, вклучително и нејзиниот татко, за проневера на околу 620.000 евра додека служела во Европскиот парламент.

Ле Пен и на претходните избори за претседател кога беше кандидат имаше анти мигрантски ставови.

Сега таа говори за зближување со Русија, а спомена и дека ако стане претседател, Франција ќе го напушти НАТО.