четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Леден брег голем речиси колку Лондон се одвои од Антарктикот

Леден брег голем речиси колку Лондон се одвои од Антарктикот

Голем леден брег со големина речиси колку Лондон се одвои од Антарктикот, наведено е на сајтот „British Antarctic Survey“ (BAS).

„Огромен леден брег (1.550 километри квадратни), голем речиси колку Лондон, се одвои од ледениот појас Брант, со дебелина од 150 метри. Ледениот брег се одвои откако пукнатините кои природно се појавиле во текот на минатите неколку години се прошириле по целиот леден појас, што довело до одвојување“, се наведува на сајтот.

Ледениот брег се одвоил минатата недела, а тоа е второ големо пукање на леден брег во овој дел од континентот во последните две години.

На глечерот од кој се откачил ледениот брег има истражувачка станица, а научниците кои се наоѓаат таму соопштиле дека нивното подрачје не е погодено.

Според нивните зборови, глечерот има сложена структура, а последиците од одвојувањето може да бидат непредвидливи, пренесува „Tanjug“.

Сите промени на глечерот редовно се следат преку специјализиран автоматизиран систем.

Глациологот од „BAS“, Доминик Хоџсон изјавил дека настанот не е поврзан со климатските промени.