Лекарите од поголем број на јавни болници во главниот град на Кенија, Најроби денеска стапија во штрајк поради доцнење на платите и недостиг на заштитна опрема при приужање на помош на пациентите, кои се сомнителни на Ковид-19.
– Штајкот почна на полноќ, изјави генералниот секретар на кениската организација на лекари, фармацевти и стоматолози, Туранир Каугири.
Тој истакна дека во штрајкот учествуваат 320 лекари поради неадекватно здравствено осигурување, неквалитетна заштитна опрема и премалку изолирани одделенија за лекување на пациентите заразени со новиот коронавирус.
Штрајкот нема да влија врз приватните и јавните болници во Најроби, со кои раководи Владата на Кенија.
Во Кенија потврдени се 31.441 случај и 532 починати од последици од Ковид-19. Најголемиот број на инфицирани се во Најроби. (MИА)