Од 5 октомври, лекарите во Шетланд, Шкотска, имаат овластување да препишуваат природа на нивните пациенти. Се смета дека ова е прва програма од ваков вид во Обединетото Кралство, и е со цел да го намали крвниот притисок, анксиозноста и да ја зголеми среќата кај луѓето со дијабетес, ментална болест, стрес, срцеви заболувања и многу повеќе.
За програмата постои цела брошура од предлози за препишување природа, која е полна со забавни, шармантни, понекогаш навидум ексцентрични предлози: во февруари, можете да направите ветроказ од обрач и материјал „за да ја цените брзината на ветерот“, во март можете да направите уметност на плажа од природни материјали или да „позајмите куче и да го однесете на прошетка“, во април можете да го допрете морето и да направите „хотел за бубачки“, во мај можете да го „закопате лицето во тревата“, во јули можете да „изберете два различни видови трева и вистински да ги гледате“, во август можете да извлечете црв од земја без да копате или да користите вода, во септември можете да помогнете во чистењето на плажата и да подготвите оброк на отворено, во октомври можете да „цените облак“, во ноември можете да „разговарате со пони“, во декември „да ги нахраните птиците во вашата градина“ и да направите уште многу повеќе.
Се по наредба од лекар.