среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лекарите загрижени поради лошата здравствена состојба на кралицата Елизабета Втора

Лекарите загрижени поради лошата здравствена состојба на кралицата Елизабета Втора

Бакингемската палата денеска објави дека кралицата Елизабета Втора е под медицински надзор бидејќи лекарите се „загрижени за нејзиното здравје“.

Соопштението дојде еден ден откако 96-годишната кралица откажа важен состанок по совет на лекар, кога и беше кажано дека треба да се одмори.

Бакингемската палата соопшти дека на кралицата и е „удобно“ и дека останува во замокот Балморал во Шкотска, каде што го помина летото.

Таа во замокот пред два дена ја назначи новата премиерка Лиз Трас и ја прифати оставката на дотогашниот премиер Борис Џонсон.