Веста дека шведска лекарка која добила Нобелова награда за мир во 1988 година како член на мировните сили на ООН, ја вратила наградата го обиколи регионот.
Веста особено предизвика интерес бидејќи се наведува дека таа ја вратила наградата како реакција на доделувањето на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке во Стокхолм. Ваквата одлука предизвика реации и протести.
Во морето на бурни реакции кои ја оспоруваат одлуката на Нобеловиот комитет, се издвојуваше гестот на извесна шведска лекарка Кристина Доктара.
Šveđanka dr Christina Doctare koja je navodno vratila Nobelovu nagradu za mir koju je navodno dobila 1988. godine, uopšte NIJE DOBILA Nobelovu nagradu za mir.
To što je radila za UN, pa misli da je ona jedna čitav UN Peacekeeping Forces, to je več njen problem u glavi. ?? pic.twitter.com/85WAaowHCB— AnaB(nePremijer?)? (@AnaB1020) December 10, 2019
Според Спутник, таа одела меѓу насобраните пред центарот АБФ во Стокхолм и ја објавила драматичната одлука: „Ја враќам мојата Нобелова награда!“
-Информациите од светските, регионалните и домашните медиуми наведуваат дека таа ја добила Нобеловата награда за мир за мир во 1988 година како член на мировните сили на ООН. „Но, колку е тоа точно“, прашува Спутник.
Едноставен поглед на листата на Нобеловиот комитет вели дека нејзиното име не е меѓу добитниците на Нобелова награда за мир во 1988 година. Наградата им била доделена на сите мировници на ООН од 1948 до 1988 година како колектив, а станува збор за повеќе од 500.000 луѓе од 53 земји.