понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Летонија ја зајакна безбедноста на границата со Белорусија по 96 обиди за илегални преминувања

Летонија ја зајакна безбедноста на границата со Белорусија по 96 обиди за илегални преминувања

Граничната служба на Летонија денеска побарала помош од армијата и полицијата за да ја чуваат границата со Белорусија по 96 обиди за илегално преминување во рок од 24 часа, соопшти граничната служба.

На припадниците на Граничната служба им е скратен одморот за да можат да се вратат да патролираат по границата, се додава во соопштението.

Летонија има „информации за можно зголемување на хибридните закани“ и дека властите во Белорусија сè повеќе се вклучени во организирањето на протокот на илегални имигранти, додаде  гранична служба. (МИА)