вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Летонија отстранува споменик од времето на Советскиот сојуз

Летонија отстранува споменик од времето на Советскиот сојуз

Летонија утре во Рига ќе отстрани споменик од времето на Советскиот сојуз, кој ја одбележува победата на Црвената армија над нацистичка Германија, соопштија денеска локалните власти.

Извршниот директор на главниот град на Летонија, Јанис Ланге појасни дека споменикот, поставен во 1985 година, додека земјата сè уште беше дел од Советскиот сојуз, ќе биде отстранет со машини, без употреба на експлозиви.

Станува збор за 80-метарска бетонска кула со советската ѕвезда на врвот и две групи статуи.

Засега нема детали околу тоа што ќе биде со споменикот, откако ќе биде отстранет од сегашното место.

Балтичките земји досега отстранија повеќе споменици што ги величат Советскиот сојуз или комунистичките лидери.

Минатата недела, Естонија отстрани споменик од советската ера, близу градот Нарва во руско говорно подрачје во источниот дел од земјата.

Летонија, Естонија и Литванија зазедоа цврст став против руската инвазија врз Украина.  (МИА)