петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Либанските штедачи насила си ги земаат заробените пари од банките

Либанските штедачи насила си ги земаат заробените пари од банките

Либанските штедачи денеска упаднаа во најмалку четири банки поради тоа што во земјата има недостиг од готовина.

Банките, по седумдневното затворање, сега се делумно повторно отворени.

Дел од светските медиуми пишуваат дека економската криза во земјата се влошува, па сè поголем број либански штедачи одлучуваат да влезат во банките и насила да си ги земат заробените пари.

Како што се наведува, либанските банки поради недостиг од готовина, наметнале неформални ограничувања за покревање пари.

Упадите најверојатно го одразуваат растечкиот гнев на јавноста кон банките и властите што се борат да ја реформираат корумпираната и оштетена либанска економија.

Поради економската криза три четвртини од населението западнало во сиромаштија, што Светската банка ја опишува како една од најлошите за повеќе од еден век. Во меѓувреме, либанската фунта изгуби 90 отсто од својата вредност во однос на доларот, што им отежнува на милиони лица низ земјата да се справат со нагло растечките цени.