четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Либерман: Израел нема да прифати сириски бегалци

Либерман: Израел нема да прифати сириски бегалци

Израел нема да дозволи сириски бегалци да влезат на негова територија, но ќе продолжи да пружа хуманитарна помош, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

– Ние внимателно ги набљудуваме настаните во јужна Сирија. Ние ќе ги чуваме израелските безбедносни интереси, Како и секогаш ние сме подготвени да пружиме хуманитарна помош на цивилите, жените и децата, но нема да прифатиме сириски бегалци на наша територија, напиша Либерман на Твитер.

Претходно, израелската министер за енергетика Јувал Стајниц изјави дека на бегалците не треба да им се дозволи да влезат во Израел.

Повеќе од 120.000 луѓе од југозападна Сирија беа принудени да ги напуштат своите домови откако сириската Влада презеде офанзива во подрачјата кои се на граница со Јордан и Голанската Висорамнина.

(Миа)