четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Либија: Пронајдена уште една масовна гробница

Либија: Пронајдена уште една масовна гробница

Либиската влада продолжува да открива посмртни останки од масовни гробници во градот Тархун, 90 километри од Триполи, кои зад себе ги оставиле силите предводени од Калиф Хафтар, наведува агенцијата Анадолија.

Нова гробница е пронајдена на големо земјоделско подрачје, се наведува во соопштението на Општата управа за истражување и идентификација на исчезнати лица.

Властите навеле дека нивните тимови ќе ја есхумираат гробницата, но повеќе детали не се откриваат. Либиските власти во понеделникот објавија дека откриле две масовни гробници на истото подрачје.

Анадолија потсетува дека од јуни минатата година во различни подрачја пронајдени се 81 масовна гробница.

Во март либиските власти објавиле дека имаат списоци за 3.650 исчезнати во разни градови.