недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Либија започна воена операција против ИД

Либија започна воена операција против ИД

Меѓународно признатата Влада на Либија денеска соопшти дека нејзините сили започнале воена операција против „остатоците“ на џихадистичката група Ислмска држава (ИД) во земјата.

Силите лојални на либиската Влада на национално единство кон крајот на 2016 година, поддржани од американски воздушни напади, ги потиснаа борците на ИД од нивното главно упориште во Либија, градот Сирт.

По ова борците на ИД се повлекоа во пустинските реони и во неколку помали градови во западна Либија.

– Денеска пред изгрејсонце беше означен почетокот на воената операција „Татковиснка бура“, чија цел е уништување на остатоците на терористичката организација ИД. изјави владниот портпарол Фајез ел Сараџ.

Тој прецизираше дека операцијата се спроведува од територијата што се наоѓа на 60 километри јужно од Мисрата до реоните на местата Бани Валид, Тархуна, Мсалта, Хумс и Злитан.