понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидерот на опозицијата во Индија го шокираше светот- му пријде на премиерот и го гушна: Ќе ја исфрлам мрзата од вас

Лидерот на опозицијата во Индија го шокираше светот- му пријде на премиерот и го гушна: Ќе ја исфрлам мрзата од вас

Лидерот на опозициската партија во индискиот конгрес, Рахул Ганди го прекина гласањето на недоверба на владата на таа земја и прошета низ Парламентот за да го гушне премиерот Нарендру Моди.

-Вие чувствувате бес кон мене, можете да ме нарекувате со разни имиња, можете да ме злоставувате, но јас кон вас не чувствувам ниту тронка омраза. Ќе ја исфрлам таа омраза од вас и ќе ја претворам во љубов, кажа Ганди одговарајќи на критиките на моди, пред да го гушне.

Владата на Моди го преживеа гласањето, затоа што има мнозинство во Парламентот.

Партијата на Ганди го пофали неговиот „неверојатен перформанс“ во индискиот парламент.