Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на британската кралица Елизабета Втора и го честиташе јубилејот, 70 години владеење, соопшти Министерството за надворешни работи на Пјонгјанг.
-Ви испраќам честитки вас и на вашето семејство по повод државниот ден на вашата земја, официјалната годишнина на владеење, напишал Ким во пораката.
Лондон и Пјонгјанг воспоставија дипломатски односи во 2000 година. Двете земји ги задржаа своите амбасади. Британската амбасада во Пјонгјанг во моментов е затворена по мерките кои Северна Кореја ги воведе поради корона пандемијата.