Командантот на Либиската национална армија (ЛНА), генералот Калифа Хафтар соопшти дека вовел забрана како за воената, така и за цивилната авијација на единствениот меѓународен аеродром во главниот град Триполи – „Митига“, заканувајќи се со соборување на секој што ќе ја прекрши забраната, изјави вечерва официјалниот претставник на вооружените сили, Ахмед Мисмари, цитиран од Тасс.
Тој конкретно посочи дека Армијата почнува да го спроведува претходно договорениот план за воведување зона за забранети летови од Гарјан и југоисточно од Тархуна, до брегот на Триполи, што го вклучува и аеродромот во престолнината, како и воено-воздухопловната база што таму се наоѓа.
-Областа Митига е затворена воена зона, така што користењето на аеродромот од кој и да е цивилен или воен авион, независно од неговата припадност или сопственост, е строго забрането, рече Мисмари.
„Тоа ќе го сметаме за прекршување на прекинот на огнот и сите авиони ќе бидат под итно уништени. И тоа е нашето последно предупредување”, додаде тој.
„Митига“ се претвори во полигон на турските војници за напади врз ЛНА, како и транзитен пункт преку кој борците се транспортираат до другите региони на Либија, вклучувајќи ја и терористичката група Исламска држава.