Околу 9,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на денешните локални избори во германската покраина Баварија.
Според анкетите, се очекува досега доминантната конзервативна Христијанско-социјална унија да доживее неуспех.
Анкетите покажуваат дека ЦСУ, која зазеде цврст став за миграцијата, ја губи поддршката и од левичарските и од десничарски настроените граѓани, додека партијата Зелените ги придобива гласовите на либералните гласачи. Најголем конкурент на ЦСУ е Алтернатива за Германија.
Избирачките места ќе бидат отворени до 18 часот по локално време, а резултатите ќе се знаат кратко по затворањето.