четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лондон денеска ќе објави санкции за Русија

Лондон денеска ќе објави санкции за Русија

Велика Британија денескаќе објави нови санкции против Русија, најави синоќа британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, откако рускиот претседател Владимир Путин призна два проруски сепаратистички региони во Украина како независни држави.

„Утре ќе објавиме нови санкции против Русија како одговор на нејзиното кршење на меѓународното право и нападот врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина”, објави Трас на Твитер.

Белата куќа објави дека американскиот претседател Џофез Бајден планира да издаде наредба за забрана на какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање во Доњецк и Луганск, проруски области во источна Украина.