недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лондон и Вашингтон ја реафирмираат поддршката за Украина

Лондон и Вашингтон ја реафирмираат поддршката за Украина

Заменичката државен секретар Венди Шерман денеска се сретна со Џејмс Клеверли, секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство, при што двајцата ги реафирмираа плановите за продолжителна поддршка на Украина, а во поглед на руските тековни и жестоки напади на критичната инфраструктура, соопшти Стејт департментот. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Шерман одржа средба и со Тим Бароу, советник за национална безбедност на Велика Британија и со потсекретарот за надворешни работи, Комонвелт и парламентарен развој, Дејвид Рутли.

Според портпаролот Нед Прајс, средбите се одржале во Лондон, а на нив се дискутирало за „заедничките приоритети како поддршка за слободен и отворен тихоокеански регион, одржување мир и стабилност во Тајванскиот теснец и активна работа да се дојде до договор со ЕУ за имплементација на протоколите за Северна Ирска“. (МИА)